Денес во Виена, ждрепката посака нашиот Вардар да биде дел од групата А. Во оваа група од ЕХФ Лигата на шампионите, покрај нас се и тимовите на: Веспрем, Барселона, Киелце, Рајн Некар, Монпелје, Кристијанштад и М.Брест. Токму во три од овие тимови играат играчи кои ова летово го заменија скопскиот тим со нова средина. Повторно во Скопје ни доаѓаат Штербик, Циндриќ и Абутовиќ, играчи кои го искачија Вардар на европскиот трон.
Со Келце од годинава доаѓа и Лука Циндриќ, покрај тоа сезона претходно во истиот тим замина уште еден игра на црвено-црните Алекс Душебаев. Во унгарскиот вице-првак, Веспрем, од Вардар замина Арпад Штербик, кој повторно ќе имаме шанса да го гледаме во С.Ц “Јане Сандански“ каде е миленик на публиката. Во овој тим игра и Дејан Манасков кој мина една сезона во Вардар. Од германската Бундес лига противник ни е тимот на Рајн Некар Левен, тами својата кариера од сезонава ја продолжни Илија Абутовиќ. Играч кој е херој на навивачите на црвено-црните и кој мина дури седум години во нашата екипа во која беше дел и пред преземањето на клубот од г-н Сергеј Самсоненко.