Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бабунски: Се надевам дека играчите ќе ја покажат својата желба за победа -Барсегјан: Имам пријатели во Пјуник, со некои фудбалери се познавам, меѓутоа на теренот кога ќе почне мечот нема пријателство
Бабунски: Се надевам дека играчите ќе ја покажат својата желба за победа -Барсегјан: Имам пријатели во Пјуник, со некои фудбалери се познавам, меѓутоа на теренот кога ќе почне мечот нема пријателство

Бабунски: Се надевам дека играчите ќе ја покажат својата желба за победа -Барсегјан: Имам пријатели во Пјуник, со некои фудбалери се познавам, меѓутоа на теренот кога ќе почне мечот нема пријателство

Екипата на ФК Вардар се наоѓа во Ереван, каде утре ќе го одигра првиот дуел од 1 квалификациско коло, против екипата на Пјуник. Денес клубот во Ереван одржа прес-конференција, на која ги сподели очекувањата пред утрешниот дуел. Пред медиумите се обратија шефот на стручниот штаб, Бобан Бабунски и Тигран Барсегјан.

Имаме добри информации за екипата на Пјуник. Имаат неколку нови играчи и знаеме дека на секоја позиција поседуваат квалитетни играчи. Исто така имаат и искусни фудбалери кои играле многу вакви натпревари. Играат цврсто во одбраната и не очекува тешка задача тука во Ереван. Влегуваме со максимален респект кон нашиот противник и кон многу од нивни играчи. Но, ние сакаме да ја форсираме нашата офанзивна игра. Имавме одлични подготовки изминатиот период. Имаме неколку нови играчи кои одлично се вклопија. Се надевам дека играчите ќе ја покажат својата желба за победа. Минатата сезона беше прв пат наша екипа да игра во групната фаза од едно европско натпреварување, и нормално дека посакуваме да го повториме тој успех. Никогаш не се знае. Секогаш постојат изненадувања, и постојат екипи кои што во секој момент можат да покажат квалитет и да направат успех во Европа.

Натпреварот е посебен за ерменецот во редовите на Вардар, Барсегјан кој вели дека има тука пријатели, но дека на теренот секој сака да победи за својата екипа.

-Нема да ми биде необично што ќе играм тука во Ереван. Јас сум професионалец, и сигурно ќе сакам да победи мојата екипа. Имам пријатели во Пјуник, со некои фудбалери се познавам, меѓутоа на теренот кога ќе почне мечот нема пријателство. И тие како и јас ќе дадат се од себе да победат. Се надевам дека утре Вардар ќе биде подобар, и дека ќе извлечеме добар резултат пред реваншот на домашен терен.