Нови договори во ракометниот клуб на Вардар. Капитенот на црвено-црните, Стојанче Стоилов и десното крило, Данил Шишкарев ја продолжија верноста со клубот на уште две сезони, додека Мартин Поповски и голманот Даниел Ѓорѓески ќе останат во Вардар, уште најмалку една сезона.
Задржувањето на домашните играчи кои ги задоволуваат нашите критериуми секогаш е приоритет за Вардар. Клубот веќе работи на подготовките за новата сезона, и се собираат сите потребни камчиња во мозаикот за да можеме повторно да бидеме во самиот европски врв. Задржувањето на оние на кои им завршуваа договорите е и задржување на поголем дел од костурот на тимот. Веруваме дека со новите засилувања повторно ќе бидеме респектибилен тим во лигата на шампионите, изјави за официјалната страна на клубот извршниот директор, Давор Стојановски.
Вардар и во новата сезона ќе атакува на врвот во Европа. Повторно сме дел од најсилната група А од ЛШ, во која се уште и екипите на Монпелје, Кјелце, Рајн Некар, Барселона, Кристијанштад, Мешков и Веспрем.
Екипата на Вардар ја засилија Сергеј Горбок, Дмитри Киселев, Дејан Милосављев и Стас Скубе како и Парондо како нов предводник од клупата, додека заминаа Македа, Циндриќ, Кањелас, Стоилов, Абутовиќ, Марсениќ и Штербик, како и тренерскиот тандем, Гонзалез-Дејвис.