Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Димитри Киселев е новиот десен бек на РК Вардар
Димитри Киселев е новиот десен бек на РК Вардар

Димитри Киселев е новиот десен бек на РК Вардар

Вардар го доби и третото официјално засилување а претходно и најавено од “Вардар Фанс” за новата натпреварувачка сезона. Тоа е рускиот репрезентативец, Дмитри Киселев кој потпиша догововор со црвено-црните, до јуни 2020 година.

Киселев доаѓа од Санкт Петербург каде има настапувано од почетокот на својата кариера. Две сезони има настапувано и во лигата на шампионите. Беше дел и од репрезентацијата што играше на СП 2017 година во Франција. Беше еден од најдобрите стрелци на својата селекција, на квалификацискиот циклус за пласман на СП, кое на програмата е следната година во Германија и Данска, каде Русија најпрво преку квалификациската група, а потоа и преку бараж двомечот со Чешка, успеа да избори учество на големиот мундијал.

Киселев потпиша договор до јуни 2020 година и е третиот нов ракометар во екипата, по Стас Скубе и Сергеј Горбок. Изминатиов период своите договори со клубот ги продолжија Стоилов и Шишкарев ( две години), како и Поповски и Ѓорѓески ( една година). Во следните денови официјализација треба да добие и голманот кој доаѓа од екипата на Партизан, тоа е Дејан Милосављев, кој на голот треба да го замени Арпад Штербик.

Во Вардар, Киселев ќе ја пополни позицијата на десен бек каде ќе му биде колега на Данаил Киштопанс. Киселев е висок 193 см. и тежок 98 кг. и е дел од новата генерација на руски ракометари што доаѓаат на сцената.

Последните шет сезони Киселев со тимот на Санкт Петербург постојано игра во европските купови. Лани настапуваше во Купот на ЕХФ, и постигна 18 гола.