Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Сигурен сум дека ќе дадеме најмалку еден гол
Васоски: Сигурен сум дека ќе дадеме најмалку еден гол

Васоски: Сигурен сум дека ќе дадеме најмалку еден гол

На денешната прес-конференција на нашиот тим присуствуваше тренерот на Вардар кој ќе го води тимот на утрешниот дуел Васоски. Тренерот на Вардарци потенцираше дека неговиот тим е подготвен да го даде својот максимум и да слави победа и пласман во второто коло.

-Имаме незгоден резултат по првиот натпревар. Свесни сме дека 0:1 е непријатен резултат, но Вардар има сили и квалитет да ја анулира негативата, да даде гол или два и да мине во следната фаза. Не треба да се залетуваме од прва секунда да дадеме гол, затоа што секој примен гол за нас би бил лош. Сигурен сум дека ќе дадеме најмалкуј еден гол, но треба да внимаваме да не примиме. Верувам во овие играчи, верувам во нивните квалитети дека можеме да ја минеме оваа пречка. После ланскиот успех, сега на некој начин постои одреден притисок. Мислам дека 90% ќе играат со истиот состав, можни се 2-3 замени. Ќе дојдат да се бранат и ќе чекаат шанса преку противнапад. Се зависи од нас, мораме да имаме контрола на мечот, и секој фудбалер ќе ја знае својата задача. Ќе го смениме пристапот на играта за разлика од првиот натпревар, и очекувам да одиграм подобро и поквалитетно, изјави Васоски.

Ова ќе биде прв натпревар за Васоски, како главен тренер Вардар. Претходно ја имаше улогата на асистент.

-Ова е мојата прва станица како прв тренер. Бев играч на Вардар пет години, сега петта година сум тренер, и знам што значи да се биде тренер на Вардар, и што се бара од екипата. Работев со одлични тренери, од нив имав што да научам, и се надевам дека тоа искуство ќе ми послужи на овој натпревар. Долго сум во клубот и подготвен сум да го превземам тој предизвик. Се надевам дека ќе се заврши како што посакуваме за нас“, рече тренерот на Вардар.