Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Ова е тежок пораз и удар за Вардар, промените во составот имаа очигледно последици
Васоски:  Ова е тежок пораз и удар за Вардар, промените во составот имаа очигледно последици

Васоски: Ова е тежок пораз и удар за Вардар, промените во составот имаа очигледно последици

Вардар не успеа да го помине првото квалификациско коло, откако вечерва на арената “Филип Втори“ по втор пат бевме поразени од екипата на Пјуник, овој пат со резултат 0:2. Самиот резултат говори за сликата на теренот, за која не треба да се трошат многу зборови. На прес-конференцијата после завршување на мечот пред медиумите се обрати тренерот, Александар Васоски кој ги искажа впечатоците од мечот.

-Нормално дека разочарувањето е големо и кај мене и кај сите. Што се однесува до натпреварот, на 0:0 имавме неколку моменти да постигнеме гол кога се „кршеше“ резултатот. Имавме две шанси и не ги искористивме. Како што кажав и претходно, имавме незгоден резултат, затоа што знаевме дека ако примиме гол, тешко ќе можевме да се вратиме. На крајот, за жал, примивме еден, па потоа уште еден. Таков е фудбалот, ние сме сите разочарани и треба ова да не отрезни и да работиме многу за да се подобриме во иднина.

Очигледно е дека големите промени во составот си го направија своето, Вардар не личи ниту малку на оној од минатата година, кога во овој период се надигрувавме со екипи како Малме, Копенхаген и Фенербахче.

-Сите беа разочарани, потиштени… Кога ќе се загуби не може да се биде расположен. Ова е тежок пораз и тежок удар за нас. Свесни сме дека секој пораз на Вардар боли, затоа што е најголем клуб во Македонија и има многу навивачи. На сето ова, влијае фактот што екипата претрпе сериозни играчки промени за разлика од лани кога го направивме тој успех. Не е тоа истиот тим од минатата сезона, има многу промени на речиси секоја позиција. На новите играчи кои дојдоа им треба време да се вклопат, да се воиграат во новата средина, исто така на младите им е потребно искуство. Не сакам никого да навредам, секој член на Вардар поседува квалитет, меѓутоа промените во составот имаа очигледно последици. Но, треба да излеземе посилни од оваа ситуација, и да се фокусираме максимално кон следните предизвици, рече Ваоски.