Кадетите на ФК Вардар го загубија првиот натпревар на турнирот “Фудбалски пријатели“, кој од вчера стартуваше во градот Фоча ( БИХ). Нашите млади надежи беа поразени од екипата на Марибор, минимално со резултат од 1:0.
Тренерот Златко Таневски настапи со следните 11-сетмина: Андов, Зендели, Манасиевски, Бојковски, В.Мирчевски, Ѓурковски, Митревски, Игнатов, Андоновски, Ристовски, Хасановиќ.
Во игра влегоа уште и Теодор Мирчевски, Дамјан Божиновски, Алдин Цури, Христијан Миленковски.
Утрово за противник го имаме тимот на Будуќност од Подгорица.