Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинската репрезентација на Македонија го освои ЕХФ Шампионатот и обезбеди пласман на ЕП во 2020 година
Младинската репрезентација на Македонија го освои ЕХФ Шампионатот и обезбеди пласман на ЕП во 2020 година

Младинската репрезентација на Македонија го освои ЕХФ Шампионатот и обезбеди пласман на ЕП во 2020 година

Прво место за младинската ракометна репрезентација, на ЕХФ Шампионатот, кој во периодот од 22-29-ти јули се играше во С.Ц. Борис Трајковски. Во големото финале, избраниците на Брестовац ја совладаа селекцијата на Белорустија, со резултат 29:23.

Повеќе од заслужена победа на Македонија, со оглед дека имаа водство уште од првата минута на мечот, кое не дозволија да го испуштат. Самиот податок дека Белорустија имаше само три постигнати голови во 15 минута, говори за цврстата одбрана на наѓите момци. Како одминуваше првото полувреме, постепено ја зголемувавме предноста, која по истекот на првите 30 минути беше пет голови разлика (15:10). Имавме и висок процент на реализирани удари, па по првото полувреме се одеше во корист на Македонија.

Како започнавме, така и продолживме во второто полувреме, противникот речиси и да немаше одговор за расположените македонци, кои тргнаа со серија од 2:0 и веќе на семафорот во С.Ц. Борис Трајковски имаа највисоки 17:10. Немавме проблеми да ја задржиме предноста, а најмногу што успеа да стори противникот е да намали на само шест голови разлика. На крајот рутински триумф за Македонија и прво место на ЕХФ Шампионатот. Конечниот резултат гласеше 29:23.  Бронзениот медал го освои селекцијата на Швајцарија, која во малото финале беше подобра од Фарските Острови.

m20-ehf-championship-mkd-blr-29-07-2018-final-2-7

Првото место значеше и пласман за Македонија на Европското првенство во 2020 година. Дел од составот на Македонија на овој ЕХФ Шампионат беа и пет играчи на Вардар, кои дадоа свој придонес во големиот успех на младинската репрезентација.