Пред почетокот на новата сезона во ракометната Лига на Шампиони, во која Вардар по втор последователен пат се најде на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Медија тимот на ЕХФ направи преглед на најдобрите десет неверојатни акции, како и одбрани кои ја одбележаа изминатата сезона. Во овие моменти место имаше за Арпад Штербик и неговата одбрана во последните секунди против Рајн-Некар, одбрана со која Вардар освои еден бод на тоа тешко гостување. Вториот најдобар момент за црвено-црните го има Хорхе Македа, кој успеа да постигне гол од половина терен, на првиот четвртфинален меч против Кил, погодок со кој му донесе победа на Вардар од еден гол, кој подоцна се покажа како решавачки за пласманот на Ф4 во Келн.
Видеото со најдобрите моменти кои сигурно дека ќе ве воодушеват, можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.