Националната селекција до 14 години во машка конкуренција завчера напладне официјално одбележа почеток на подготовките кои ќе финишираат со настап на меѓународниот турнир Slovenia Ball кој претставува своевиден пандан на континентално првенство за оваа возрасна категорија (во машка и во женска конкуренција). Турнирот ќе започне на 23. август, а ќе трае до 26. август. На списокот на повикани кошаркарски надежи имаше место за Мартин Оровчанец од КК Вардар.
Нашата национална селекција ќе биде сместена во групата „А“ заедно со селекциите на Хрватска, Унгарија, Русија и домаќинот Словенија. Тоа ги остава селекциите на Бугарија, Израел, Италија, Црна Гора и на Украина во групата „Б“.
Првиот натпревар ќе го одиграме в четврток (23. август) со почеток во 11:15 против Словенија. Истиот ден во 18:00 часот ќе се надигруваме со соодветната селекција на Хрватска. В петок го отвораме вториот ден на натпревари со Русија, в 9:00 часот додека во 14:30 ќе се надигруваме со Унгарија. Последниот ден (26. август) ќе бидат одирани натпреварите за пласман