Вардаровите навивачи нема лесно да го заборават Арпад Штербик, кој четири сезони го бранеше голот на Вардар, клуб со кој освои и Европска титула. Негов следен предизвик на “залезот„ од кариерта е екипата на Веспрем.
Од медија тимот на СЕХА-лигата направија уште посебно видео за Штербик, со кое се збогуваа од големиот голман, кој во новата сезона нема да го гледаме во ова натпреварување.