Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Попов: Треба само некои ситни грешки кои се појавија на овој натпревар да ги отстраниме, и да бидеме уште подобри во иднините натпревари
Попов: Треба само некои ситни грешки кои се појавија на овој натпревар да ги отстраниме, и да бидеме уште подобри во иднините натпревари

Попов: Треба само некои ситни грешки кои се појавија на овој натпревар да ги отстраниме, и да бидеме уште подобри во иднините натпревари

Капитенот на Вардар Горан Попов, беше еден од најзаслужните што неговиот тим остана непоразен во Тетово во саботата. Дефанзивецот на Вардар со одличен гол од 30-сетина метри го матираше Захов и донесе вреден бод во Скопје. Играчот даде свој импресии по одиграниот натпревар.

„Треба да бидеме задоволни со овој бод. После водството имавме уште една шанса за 0:2 и тука беше еден од клучните мигови на мечот. Ако искористевме можеме и да го добиеме мечот. Кога се ќе се собере резултатот е реален. Бод за нас и бод за нив е најреално. Целата екипа силно се трудеше да извадиме добар резултат од ова гостување, и на крајот мислам дека еден бод од гостување во Тетово како за почеток не е лошо. Кога ќе се вратам назад, криво ми е само што дозволивме да го примиме вториот гол. Требаше да реагираме поагресивно и да не дозволиме Шкендија да влезе така во шанса. Меѓутоа во фудбалот се случуваат грешки и нема враќање назад. И пред мечот кажав дека Шкендија има проблем со Вардар, така и беше. Во секој случај беше еден добар натпревар на две добри екипи“, изјави капитенот на нашиот тим. 

„Сметам дека се она што беше зададено од нашиот тренер Васоски го исполнивме. Добро се подготвивме за овој натпревар, трениравме напорно. Бевме борбени, и кога имавме негатива не се предававме, туку одевме да дадеме гол и да извадиме добар резултат. Треба само некои ситни грешки кои се појавија на овој натпревар да ги отстраниме, и да бидеме уште подобри во иднините натпревари. Сега ни претстои уште едно гостување во Тетово против Ренова, и ќе мораме добро подготвени да го дочекаме тој меч“, рече Попов.