Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кизиќ одбрани пенал на 15.секунди до крајот и ја “лансираше“ Македонија во 1/2-фин. на ЕХФ шампионатот
Кизиќ одбрани пенал на 15.секунди до крајот и ја “лансираше“ Македонија во 1/2-фин. на ЕХФ шампионатот

Кизиќ одбрани пенал на 15.секунди до крајот и ја “лансираше“ Македонија во 1/2-фин. на ЕХФ шампионатот

Македонската кадетска репрезентација дојде до уште една победа, овој пат триумфиравме на  третиот натпревар на ЕХФ шампионатот во Грузија. По стартните победи против Литванија и Луксембург, денес избраниците на Данило Брестовац  во дуел со пеколен финиш ја совладаа селекцијата на  Фарските Острови.

Македонија практично е во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот во Тбилиси, а нашиот голман Марко Кизиќ е јунак на овој натпревар. Тој на целиот дуел одбрани 14 пати од кој двапати од пенал, сепак последната одбрана беше она што долго ќе се помни. Тимот на Фарски Острови изведуваше  пенал на 15 секунди до крајот при резултат 29-29, нашето момче  во овој клучен момент блесна, Кизиќ успеа да  го одбрани ударот на Рагнарсон.  Тој  ни даде шанса за победа во преостанатите десетина секунди која и ја искористивме.  Селекторот Брестовац побара  тајм аут  до крајот на семафорот  останаа  само осум секунди за напад. Топката доби   крилото Ненад Костески, а тој погоди за победа од 30-29.

Првиот дел Фарски Острови подобро го отворија натпреварот и поведоа со 7-3, сепак нашиот состав успеа во продолжението да ја наметне својата игра и најпрво успеа да изедначи, а потоа пред крајот на полувремето и да поведе со 4 голови разлика. За жал дојде до пад на играта во финишот и  Фарски Острови успеаја да изедначат и на полувреме се замина со 16-16. Вториот дел се играше постојано изеднаено, во моментите кога ние имавме проблем со реализиација Кизиќ не “одржуваше“ во живот.

МАКЕДОНИЈА: Кизиќ (14 одб., 2 сед.), Василевски, Тодески, Божиновски , Карапалески 1, Каковски 1, Кондев 5, Серафимов 9, Митиќ, Костески 6, Ѓорѓиев, Џигероски 5, Анѓелковски, Ќосевски, Витанов, Симоноски 3.