Генерацијата на ФК Вардар родени “2006„ година во периодот од 10-12-ти август беа дел од силен меѓународен меѓуанроден турнир во Вараждин, “Меѓимурец 2018„ на кој го освоивме 13 место во конкуренција на 16 екипи.
Во групната фаза оставаривме една победа против Оксала ( 5:1), еден нерешен резултат против МТК (1:1) и висок пораз од Хајдук (0:7). Во борбата за пласман одигравме уште два нови натпревари. Во разигрувањето игравме во група со Оксала , Сараево и Марибор. Пренесовме 2 бода со победата што предходно ја имавме против Оксала. Првата утакмица во групата ја имавме против Сараево и загубивме со 0:1 (0:0), додека втората утакмица ја игравме против Марибор и загубивме со 1:3 (0:1), стрелец на голот за Вардар беше Марко Николовски.
Со тоа го освоивме третото место во групата и завршивме на 13 место на турнирот. Првото место и припадна на Црвена Ѕвезда која во големото финале убедливо ја совлада екипата на Легија Варшава, со резултат 5:0. Третото место е за Хајдук од Сплит, кој после изведување на удари од белата точка беше подобар од Штурм од Грац.