Рускиот репрезентативец Глеб Калараш ќе биде нов играч на РК Вардар. Се работи за кружен напаѓач кој доаѓа во црвено – црните редови да ја засили конкуренцијата и да им помогне на Стоилов и Рожерио Мораеш, како во нападот така и во одбраната.
Калараш доаѓа од редовите на Магдебург, висок e 205 сантиметри. Со неговото доаѓање, сега и официјално е јасно дека Алексис Боргес нема да биде дел од овој Вардар.
Останува Вардар да пронајде уште голман пред стартот на новата сезона.