Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брдаровски: Само без опуштање и со безпоштедна борба на теренот се победуваат вакви натпревари
Брдаровски: Само без опуштање и со безпоштедна борба на теренот се победуваат вакви натпревари

Брдаровски: Само без опуштање и со безпоштедна борба на теренот се победуваат вакви натпревари

Тимот на Вардар овој викенд повторно ќе гостува во Тетово, на истиот стадион, но овој пат против различен противник за разлика од минатата недела. Ренова стои на патот на Вардарци до првите три бода во новиот шампионат. Пред неделниот натпревар, десниот бек на Вардар Владица Брдаровски ги искажа своите очекувања за дуелот.

„Секако дека нашата цел е победа и на овој натпревар, меѓутоа тоа ќе треба да го сториме без потценување. Особено ја респектираме Ренова која што во првото коло обезбеди триумф против Работнички на гостински терен. Тоа кажува дека се квалитетна екипа на која мораме многу да внимаваме. Мораме да го дадеме максимумот на овој натпревар ако сакаме да ги освоиме бодовите. Само без опуштање и со безпоштедна борба на теренот се победуваат вакви натпревари. Реков нашата цел се три бода на овој натпревар, и ќе се обидеме да ги освоиме. Треба да одиграме како што одигравме минатата сабота против Шкендија, со мали корекции на некои грешки кои ги направивме, за да дојдеме до првата победа во оваа сезона“, изјави Брдаровски.