Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Калараш нов играч на Вардар, нема место за Боргес
Калараш нов играч на Вардар, нема место за Боргес

Калараш нов играч на Вардар, нема место за Боргес

Рускиот репрезентативец Глеб Калараш ќе биде нов играч на РК Вардар. Се работи за кружен напаѓач кој доаѓа во црвено – црните редови да ја засили конкуренцијата и да им помогне на Стоилов и Рожерио Мораеш, како во нападот така и во одбраната.

Калараш доаѓа од редовите на Магдебург, висок e 205 сантиметри. Со неговото доаѓање, сега и официјално е јасно дека Алексис Боргес нема да биде дел од овој Вардар.

Останува Вардар да пронајде уште голман пред стартот на новата сезона.