Тимот на Вардар вечерва ќе го одигра првиот официјален натпревар под палката на новиот тренер Парондо. Шпанецот на клупата на нашиот тим вели дека секој натпревар во овој период е добредојден за екипата и дека веќе тимот почнува да размислува и на резултатот, што не беше случај на турнирот во Германија.
„Сега почнуваме да мислиме и на резултатот. Иако сѐ уште се спремаме за почетокот на СЕХА лигата и лигата на шампионите, ова е меч пред публика во Македонија и ќе се обидеме да одиграме на високо ниво. Имаме уште работи за подобрување и секој натпревар е добредојден, вели Парондо.
Натпреварот меѓу Вардар и Металург се игра на Отвореното игралиште во Струга со почеток во 21 часот.