Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ја потврди доминацијата и го освои вториот супер куп
Вардар ја потврди доминацијата и го освои вториот супер куп

Вардар ја потврди доминацијата и го освои вториот супер куп

Без некои поголеми проблеми, Вардар успеа да го освои вториот супер куп во историјата, откако го совлада тимот на Металург. Може да се каже рутинска победа за избраниците на Парондо, кои имаа водство во текот на целиот натпревар, на крајот славевме со резултат 33:24.

После три неискористени напади на двете страни, Вардар успеа прв да постигне гол преку новото засилување Скубе, додека на спротивната страна врати, Арсеновски за израмнување на резултатот. Црвено-црните први се одлепија на два гола разлика (3:1), кога погоди десното крило, Данил Шишкарев. Израмнет резултатот беше и по осум минути игра, кога резултатот на семафорот беше 4:4, но тоа беше се што успеа да стори тимот од Автокоманда. Во следниот период, црвено-црните ја превзедоа играта и имаа контрола на теренот. Набрзина погодија Борозан и Кристопанс, па Вардар повторно беше во два гола позитива (6:4). На нашиот гол се разбрани и Милосављев, а тоа го искористија неговите соиграчи, кои константно ја зголемуваа предноста. Токму во два наврати откако одбрани српскиот интернационалец, имаше брзи контра-напади, кои во голови ги реализираше Дибиров, за највисоки 11-6, а најубавиот момент на мечот се случи пред овој погодок, кога Скубе фрли цепелин до Шишкарев, овој успешно го претвори во погодок. Во следните минути одржувавме предност од пет голови разлика, а Парондо им даде шанса за настап на сите ракометари кои му беа на располагање. Така до крајот на првото полувреме, погодија Недановски, Чупиќ и Кисељев, токму со голот на десниот бек од Русија, имавме најголеми седум голови предност (16:9), за Металург да успее да го реализира својот последен напад и да намали на 16:10.

39515544_10157295322635348_4749486595260809216_n

Второто полувреме започна со серија на Металург од 2:0, за да го намали резултатот, но Вардар со пет последователни голови, од кои дури три беа дело на Дибиров и по еден на Киселев и Скубе, за да имаме највисоки девет голови разлика (21:12). Следеа минути кога Металург со неколку сврзани голови успеа да намали на шест голови (25:19), но Недановски погоди, а Милосављев одбрани пенал, па Вардар повторно беше во голема предност.Избраниците на Парондо немаа поголеми проблеми околу одржување на предноста, која повторно беше високи девет голови (29:20), на десет минути пред крајот. За одбележување е голот на младиот Мишевски, како и одбраната на Петковски, а црвено-црните преку Поповски имаа и двоцифрена предност. Остатокот од мечот беше само рутина за вардарци, кои славеа убедливо со резултат 33:24.

Најдобри стрелци во Вардар беа Дибиров со осум голови, а Кисељев и Скубе дадоа по четири. Во овој супер куп, настапивме без Горбок, Фереира и Карачиќ.