Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Новото засилување, пикерот Калараш ќе се појави на попладнвниот тренинг на вардарци
Новото засилување, пикерот Калараш ќе се појави на попладнвниот тренинг на вардарци

Новото засилување, пикерот Калараш ќе се појави на попладнвниот тренинг на вардарци

На попладневниот тренинг на РК Вардар, кој започнува од 18 часот, треба да се појави и најновото засилување. Се работи за рускиот репрезентативец, Глеб Калараш кој игра на пикерската позициција и треба да биде од помош за Стојанче Стоилов и Рожерио Мораес Фереира.

Вардар беше во потрага по пикер, а откако отпадна од игра Алексис Боргес, од клубот се одлучија да го доведат играчот на Магдебург. Калараш настапува за селекцијата на Русија, се работи за играч висок 205 сантиметри, кој има настапувано и за екипите на Мотор Запорожје и Санкт Петербург.

Тој ќе биде и меѓу патниците на турнирот во Стразбург, на кој Вардар ќе отпатува во четврток. Следниот ден ги започнуваме настапите на турнирот, со дуел против ПСЖ.