Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бала заминал поради недоволен квалитет, дали има простор за нов интернационалец!?
Бала заминал поради недоволен квалитет, дали има простор за нов интернационалец!?

Бала заминал поради недоволен квалитет, дали има простор за нов интернационалец!?

По само еден месец поминат во новиот тим и без ниту еден одигран официјален натпревар, Данило Бала се спакува и си замина назад во Бразил. Причината за прерано прекинатата соработка е поради недоволниот фудбалски квалитет на Бала утврден веројатно низ тренинзите и пријателскиот дуел со Македонија ЃП на кој Бала одигра 20-сетина минути.

Сега, со заминувањето на овој Бразилец, се отвора можноста и прашањето дали црвено – црните можат, односно направија простор да се засилат со уште еден играч интернационалец.

До крајот на преодниот рок има уште само 10. дена, па останува да видиме што се ќе се случи.