Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов до Циндриќ: “Не ти стои жолто„
Стоилов до Циндриќ: “Не ти стои жолто„

Стоилов до Циндриќ: “Не ти стои жолто„

Еден од играчите кои летово го напуштија Вардар и се пресели во редовите на Киелце, Лука Циндриќ веднаш започна со добри настапи во својот нов тим. На турнирот Шипиорно куп, шампионот на Полска го освои првото место, совладувајќи го во финалниот меч, тимот на Мотор Запорожје. Токму Циндриќ ја понесе наградата за најдобар играч на турнирот.

Лука се пофали на инстаграм за добиеното признание, имаше многубројни коментари и честитки за поранешниот вардарец, а еден од нив беше и капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, кој му напиша, “Не ти стои жолто„. 

vardarfans-stole-do-cindric