Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов ќе паузира неколку недели

Стоилов ќе паузира неколку недели

Во следнот период Вардар ќе биде без капитенот Стојанче Стоилов кој има скршеница на десната дланка. На мечот со ПСЖ на турнирот во Стразбур нашиот играч во дуел со Лука Карабатиќ ја повреди дланката поради што не настапи во второто полувреме.

Првичните лекарски наоди покажуваат скршеница, а подетални наоди ќе има по враќањето во Скопје. Сигурно е дека оваа повреда ќе го оддалечи неколку недели од терените – информираат од РК Вардар.

Повредата на Стоилов доаѓа во незгоден момент, бидејќи остануваме со двајца кружни напаѓачи, а еден од нив е новајлија, на кој ќе му треба време да се адаптира на новите играчи и стилот на игра на новата екипа.