Генерацијата на ФК Вардар родени “2006„ година се пласираа во 1/2 финалето на турнирот “Гази Баба Куп 2018„ откако денеска го победија тимот на Работнички со резултат 3:1 (0:1).
.
Натпреварот во првото полувреме беше многу тврд со многу дуели, “романтичарите“ на крајот поведоа. Во второто полувреме ние продолживме смирено и со постојани напади. Тоа набрзо вроди со плод бидејќи Алтин Алији израмни на 1:1. Многу бргу после тоа Нуман Ајетовиќ изведе прекрасен слободен удар од полудесно и ја смести во левиот горен агол. До крајот Алтин Алији со својот втор гол го постави конечниот резултат 3:1 за Вардар..
.
Состав: Данстак, Николов, Јанкоски, Порчу, Ајетовиќ, Хасиќ, Крстевски, Николовски, Трифуновски, Алију и Танчев.
.
Утре Вардар ќе игра полуфинале со победникот од дуелот Црвена Ѕвезда- Смиљковци.