ФК Вардар генерација 2003 денес одигра 1/4-финале на меѓународниот турнир “Гази Баба Куп-2018“. Во овој натпревар наш противник беше екипата од Прилеп, тимот на ФК Победа. Прилипчани успеаа по изведувањето на пеналите да обезбедат пласман во утрешното полуфинале.
За нас настапија: Јовчев, Трпезановски, Ѓорѓиевски, Сељанац, Исмаили, Петрушевски, Петковски, Марковски, Ќосески, Мирков, Прелоговски.
Дуелот со прилепчани беше тврд, одигравме една натпревар без многу фудбалска убавина, но со голем број на црврсти дуели. Регуларниот дел заврши со реми без погодоци во двете мрежи 0-0. Се пристапи кон изведување на пенали. По дури седум погодени серии на двете страни резултатот беше 7-7. Во последната серија ФК Победа од Прилеп успеаа да обезбеди полуфинале со резултат 8-7.