Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар одбраната на СЕХА круната ја започна со триумф, Металург повторно немоќен
Вардар одбраната на СЕХА круната ја започна со триумф, Металург повторно немоќен

Вардар одбраната на СЕХА круната ја започна со триумф, Металург повторно немоќен

Ракометарите на Вардар ја започнуваа одбраната на титулата во СЕХА-лигата со победа во мечот против Металург, кој се одигра вечерва во Спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје. Момците на Парондо во првиот официјален дуел во регионалната лига победија со резултат 34-28 (17-15).

Сино-белите поведоа со голот на Кузмановски со 0-1 на стартот, ние веднаш вративме со двојна мера и преку Дибиров поведовме со 2-1 на стартот на 3.минута. По пет минути игра на  семафорот имаше резултатска симетрија, 3-3. Во продолжение се играше игра гол за гол се до 12.минута кога на семафорот стоеше 7-7. Со головите на Горбок и Дибиров   се одлепивме на два позитива, 9-7. Најголемата предност ја достигнавме во 20.минута кога за првпат поведовме со четири гола, 14-10. Следеше мини-серија 1-3 на тимот од Автокоманда со која  је преполовија нашата преност и намалија на 15-13 во 24.минута. Токму со два разлика влеговме во последната минута, на самафорот стоеше 17-15 за нас, металурзите промашија, а Парондо побара минута одмор на 22.секунди до крајот. Сепак и  не погодивме па на одмор отидовме со само два гола. По крајот на првиот дел кај нас наједикасен беше Дибиров со пет гола.

40359323_10157327977835348_3262342173177151488_n

Вториот дел го почнавме со голот на Мораеш со чии погодок поведовме со 18-15 на стартот, Металург врза веднаш два гола и на крајот од втората минута намали на 18-17. Во 38.минута по наш пад во играта сино-белиот тим изедначи на 20-20 преку Јагањац. Веднаш црвено-црниот тим врза два гола, и преку Поповски поведен со 22-20. При 23-22, Дибиров доби црвен картон, а Чупиќ две минути останавме со само четири играчи во поле. Сепак се охрабри кога беше најтешко Недановски и погоди за 24-22, а потоа тргна нашата машина и со двата гола на Шишкарев отидовме на 26-22. Првпат поведовме со плус пет, со погодокот на Иван Чупиќ од пенал кој погоди за 28-23 во 38.минута и најави дека лесно ќе го финишираме овој дуел. По одбраната на Милосављев и “бомбата“ на Горбок поведовме со 7+,  31-24 во 53.минута, по што Брестовац повика тајм-аут. Сепак се до крајот беше рутина, ние сме преискусен тим и покрај големот број измени оваа сезона за да дозволиме изненадување во последните минути. Момците на Парондо триумфираа со резултат 34-28 на крајот.

nishto-novo-vo-gradskoto-derbi-prodolzhuva-dominacijata-na-vardar-17284

Прв стрелец кај нас беше пикерот Фереира Мораеш со 8 гола, руското крило  Дибиров имаше 5 погододоци, а на голот 12 одбрани впиша зад своето име голманот Милосављев.