Saturday ,19 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пирин куп: ФК Вардар генер.2009 со висока победа ја мина групата и обезбеди 1/4-финале
Пирин куп: ФК Вардар генер.2009 со висока победа ја мина групата и обезбеди 1/4-финале

Пирин куп: ФК Вардар генер.2009 со висока победа ја мина групата и обезбеди 1/4-финале

ФК Вардар генерација 2009 успешно ја мина групата на турнирот “Пирин Куп“ во Бугарија. По денешната победа во 3.коло со вкупно 7.бода обезбеди место во следната фаза. Момците на Зоран Петковски обезбедија 1/4-финале во оваа натпреварување.

Денес во клучниот дуел се сретнавме со екипата на ФК Пирин Разлог и ги добивме со високи 7-1. Ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра на овој натпревар. За нас стрелци беа пет различни играчи на овој меч. Три гола беа дело на Даниел Колевски, апак Матеј Крстевски, Вито Павлов, Дариан Михајловски и Горѓи Влахо стрелаа по еднаш. Дуелот од четвртфиналето на овој меѓународен турнир ќе го играме утре, сабота 1.септември.