Екипите на ФК Вардар од генерација 2008 и 2009 на турнирот “Пирин Куп-2018“ кој се игра во Банско, Република Бугарија во групната фаза забележаа по две победи и едно реми. Со по седум бода вкупно тие обезбедија место во денешните дуели од нокаут-фазата за пласман.