Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар: Продолжен рокот за продажба на сезонските билети
РК Вардар: Продолжен рокот за продажба на сезонските билети

РК Вардар: Продолжен рокот за продажба на сезонските билети

Како што известуваат од РК Вардар, регуларната продажба на сезонски билети за натпреварите на Вардар ќе биде продолжена до 16 септември 2018 година. Сезонските билети важат за сите натпревари од домашното првенство, СЕХА лигата и групната фаза од лигата на шампионите. Понатаму во веста се вели:

Во регуларна продажба се пуштени сите билети, вклучувајќи ги и оние што не биле обновени со приоритетната продажба.

Продажбата на сезонските билети се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и он-лајн преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk

Во продажба се пуштени билети од две категории: за трибинскиот простор, а А блоковите.
Цената на сезонските билети ќе биде иста како и претходните сезони.
– 2.200 денари за трибински простор
– 2.550 денари за А блоковите

По завршување на регуларната продажба на билети ќе има продажба за секој поединечен меч од лигата на шампионите и СЕХА лигата ќе биде неколку денови пред натпреварот, и за тоа ќе има посебно известување за бројот и категоријата на билети што ќе бидат пуштени во продажба. Тогаш ќе бидат пуштени во продажба само местата што се останати и не биле продадени.

Првиот домашен натпревар на Вардар во ЛШ е на 22 септември против Кристијанштад.