Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Момците на Таневски, кадетите на ФК Вардар со победа ја стартуваа сезоната
Момците на Таневски, кадетите на ФК Вардар со победа ја стартуваа сезоната

Момците на Таневски, кадетите на ФК Вардар со победа ја стартуваа сезоната

Денес на теренот во Аеродром, започна кадетската лига за црвено-црните. ФК Вардар ја пречека екипата на Македонија ЃП. Црвено-црните дојдоа до победа со резултат 3-1 (2-0).Таневски овој дуел го започна со следните момци: Андов, Зендели, Мирчевски, Митревски, Бојковски, Манасиевки, Игнатов, Османи, Ристовски, Андоновски и Ѓурковски.

a1

Прва прилика на дуелот имаше гостинот, но нашиот голман Андов беше на висина на задачата. Потоа следеше наша иницијатива која ја крунисавме со гол во 15.минута. Во продор беше Игнатов Леонид шутна голманот на Македонија кратко одби во поле, на топката налета Давид Ристовски и погоди за 1-0. Потоа истиот играч имаше две шанси кои не ги претвори во погодок. Во првата од слободен удар се обиде, но голманот одбрани, во втората по соло продор се проби до пред голот сепак одбраната реагираше во последен момент. Ние имавме повеќе од играта во првиот период и постојано бевме во атак. Игнатов имаше убав обид од 17-18.метра, неговиот удар заврши над гредата. Во 38.минута Османи Енсер украде една топка од одбраната на гостите, исфрли двајца чувари и погоди во мрежата на Џамтовски Филип за предност со 2-0. До крајот на првиот дел двапати се закани Македонија Ѓорче Петров сепак двата удара минаа крај рамките од голот на Андов Матеј.

a2

Вториот дел почна со офанзива на македонија Ѓорче Петров на самиот почеток. Ние сепак бевме тимот кој ја имаше најсериозната прилика на почетокот. Андоновски Филип шутна од 6-7.метра одкосо, голманот на гостите со врвот на прстите успеаа да спаси. Следеа две големи шанси за жолто-црниот тим, сепак на нашиот гол денес го имавме расположениот Андов Матеј кој бранеше неверојатно. Таневски со цел да ја освежи играта во поле ги уфрли Цури и Хасановиќ на место на Ристовски и Андоновски. Митревски Божидар се закани со удар од слободен удар, неговиот удар заврши во живиот ѕид. Тој во продолжение му остапи место на Спировски Мартин.

a

Противникот успеаа по една контра да го преполови нашето водство, тие погодија за 2-1 на 8.минути до крајот на овој кадетски дуел. До крајот за одбележување останува шансата на Ѓурковски Александар чии удар заврши крај голот на гостинскиот тим и погодокот на Игнатов Леонид. Тој исолира, ја мина одбраната досто вешто и стрелаше за конечните 3-1. Во последната минута тој му го остапи местото на Рушити.