Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар против Беласица за трета победа во низа
Вардар против Беласица за трета победа во низа

Вардар против Беласица за трета победа во низа

Денеска Вардар гостува во Струмица кај екипата на Беласица, каде ќе се обиде да стигне до третата победа во низа.

Екипата на Беласица по три одиграни кола се наоѓа на последната позиција на првенствената табела без ниту еден освоен бод. Струмичани досега имаат постигнато само еден погодок а примено дури седум, што ги прави досега најслаба одбрана во ПМФЛ. По слабиот старт и трите порази, денешниот противник на Вардар промовираше неколку нови имиња меѓу кои и поранешниот вардарец, Филип Ивановски, кој денеска нема да настапи. Покрај него, нови играчи на тимот се и Влатко Дробаров, Немања Петров и искусниот Стефан Вујчиќ. Дробаров и Петров би требало да конкурираат денеска за настап, а Вујчиќ како и Ивановски во следното коло.

Последни пет одиграни дуели на овие два тима:

Вардар – Беласица 3:0 (2006 година)
Беласица – Вардар 0:2 (2005)
Вардар – Беласица 2:1 (2оо5)
Беласица – Вардар 2:1 (2005)
Вардар – Беласица 2:1 (2004)

- Дуелот започнува со почеток од 16-15 часот.