Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > “Петарда“ за Македонија ЃП од младинците на ФК Вардар во дуелот од 1.коло
“Петарда“ за Македонија ЃП од младинците на ФК Вардар во дуелот од 1.коло

“Петарда“ за Македонија ЃП од младинците на ФК Вардар во дуелот од 1.коло

Младинците на ФК Вардар денес на теренот во Јане Сандански ја пречекаа екипата на Македонија ЃП во 1.коло од новата сезона. Нашите момци дојдоа до победа со резултат 5-1(2-1). Ане Андовски стартуваше со: Велковски М(капитен), Радевски, Антовски, Младеновски, Наумчевски, Адем, Ибиши, Бериша,Велковски Д., Димоски и Реџепи.

b3

Црвено-црните тргнаа офанзивно по првиот судиски свиреж на судијата Божиновски. Прва прилика на почетокот на дуелот имаше Велковски Давид. Потоа набрзина се заканивме уште двапати преку Али Адем и Фитор Реџепи, сепак нивните удари минаа крај голот на Македонија ЃП. Најголемата шанса за гол ја имавме во 15.минута, Божиновски досуди пенал, а од 11.метра Бериша Јакуб неуспеа да погоди за отварање на резултатот. Нашата офанзива ја награди Ибиши Џемаил, тој по еден соло продор го мина и голманот на гостите и погоди во небранетата мрежа за наше водство со 1-0.По погодокот следуваше мирна игра се до пред почетокот на последните 10.минути од првиот дел на овој младински дуел. Реџепи најпрвин имаше шанса за нас и погоди неколку сантиметри над голот на противникот. Потоа гостите од населбата Ѓорче Петров успеаа да изедначат. Тие изведоа пенал кој неуспеа Велковски Методија да го одбрани и резултатот беше 1-1. Во последната минута, повторно Ибиши Џемаил беше во соло-продор, повторно го исфрли и голманот Серафимов Дамјан погодувајќи за 2-1. Само 30.секунди потоа судијата Божиновски означи крај на првите 45.минути од овој младински дуел.

 b4 b2

На почетокот вториот дел дуелот започна со мирна игра на двата тима. По 5.минути игра првата шанса ја имаше Фитор Реџепи чии удар заврши крај голот. Следеше период во кој имавме три големи шанси за гол. Ударот на Ибиши и Наумчевски ги одбрани голманот на ривалот, а обидот на Младеновски заврши во гол конструкцијата.  Реџепи излезе од игра во поле влезе Младеновски. Потоа имавме голема прилика преку Антовски филип, тој со убав удар се обиде од 20.метра, за жал топката мина за малку крај голот. Трет пат на идентичен начин денес Ибиши Џемаил во соло продор ја минува одбраната и погодува, овој пат за 3-1. Ние имавме доминација во сите аспекти на фудбалската игра во вториот период. Доминацијата во поле ја награди Давид Велковски, тој по соло продор постигна погодок за високи 4-1.По голот Димовски му остапи место на Петковски,  Бериша на Јусуф, а Антовски на Тасев. Последна прилика на овој дуел имаше Мустафа чии удар заврши зад грбот на противничкиот голман за конечни 5-1 на овој дуел.