Две екипи на фудбалскиот клуб Вардар денес ги одиграа предпладнево своите дуели од четврфиналето на меѓународниот турнир “Пирин куп-2018“ кој се игра во Банско, соседна Бугарија. Двата тима одигаа дуели со цврсти противници без многу погодоци, но со многу борба и жар.
ФК Вардар генерација 2009 година предводена од Зоран Петковски успеаа да победи во 1/4-финалето во средбата со тимот на ФК Јанг Тим. Во еден интересен натпревар без многу прилики ама со цврста игра ние дојдовме до минимална победа. Црвено-црните обезбедија натпревар во полуфиналето со триумф со резултат од 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Даријан Михајловски.
ФК Вардар генерација 2007 на Горан Петрески-Чунда доживеја несреќен пораз од силната екипа на ПАОК. Во овој дуел според нашите информации од источниот сосед, црвено-црниот тим бил подобар противник. одиграл натпревар со многу трчање, сме имале серија шанси кои не сме ги реализирале. Како што секогаш е тоа во фудбалот, следувало казна, во една од ретките шанси на грчкиот тим тие погодиле за конечни 1-0. Поради овој пораз нашиот тим ќе игра во натпреварот за 5.место денес попладне.