Денес во Банско, соседна Бугарија се играше финалето на меѓународниот турнир “Пирин Куп-2018“ во генерацијата родени 2008 година. Во истото се сретнаа ФК Вардар предводен од Миле Крстев и тимот на ФК Академија Пандев од Струмица. Црвено-црните дојдоа до победа во овој дуел и го освоија златото.
Миле Крстев првпат како тренер на една екипа на црвено-црните дојде до трофеј. Нашите момци одиграа одлично во поле против струмичани, првиот дел ни припадна во целост. На одмор заминавме со водство од два гола, 3-1. Во вториот дел продолживме со исти ритам и успеавме да ја удвоиме предноста за победа. Нашата генерација родени 2008 дојдоа до пехарот со резултат 7-3. За нас стрелци на головите беа: Арти Азизи и Стефан Бранковски кои стрелаа умешно по два пати. По еден гол имаа тројца момци и тоа: Матео Кесиќ, Ненад Дамјановски и Марковски Стефан.
Честитки до тренерот Крстев и момците за освоениот турнир.