Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на ЖРК Вардар со висока победа над РК Војнисон ја отворија сезоната
Кадетките на ЖРК Вардар со висока победа над РК Војнисон ја  отворија сезоната

Кадетките на ЖРК Вардар со висока победа над РК Војнисон ја отворија сезоната

Денес во малата сала при СЦ “Јане Сандански“ во Скопје почна лигата во женска кадетска конкуренција за девојките на ЖРК Вардар. Избраничките на Анжела Платон ја пречекаа екипата на РК Војнисон од Кичево во ова деби коло од кадетската лига. На овој дуел дојдовме до убедлива победа со резултат 31-13 (16-6), ние доминиравме во сите аспекти на ракометната игра на овој натпревар и во целост го контролиравме истиот.

1

На почетокот  го отворивме одлично дуелот со водство од 3-0 на самиот почеток. По 9.минути игра веќе имавме предност од пет гола, 7-2 по што клупата на РК Војнисон од Кичево побара минута одмор за да го прекине нашиот налет. Ние игравме одлично во одбраната, казнувавме постојано од контра-напади и од минута во минута ја зголемувавме предноста во однос на ривалот од Кичево. Во последните пет минути влеговме со двоцифрена предност, првпат поведовме со десет плус при резултат 14-4. До крајот се играше мирно двете екипи дадоа по два гола и на одмор се замина со предност од 16-6 за црвено-црниот кадетски тим.

2 4

Вториот дел почна со по еден гол на двете страни за почетни 17-7 по две минути ракомет во малата сала при СЦ “Јане Сандански“.  Нашите девојки потоа врзаа три гола во серија и се одлепивме на 20-7 во 37.минута од дуелот.  По ова се беше рутина, вториот дел по се наликуваше на првиот, ние во одбраната игравме на високо ниво, а тоа го наградувавме со лесни голови во офанзива по брза трансформација.  Предноста раснеше постојано па на крајот победивме со високи 18 гола предност во одност на противникот на овој натпревар. Девојките на Платон во деби мечот во кадетската лига триумфираа со 31-13 на крајот.

3

Кај нас прв стрелец беше Пешиќ Мила со шест гола, пет гола беа дело на Радевска Бојана, а Коцевска Борјана зад своето име впиша четири затресувања на противничката мрежа.

СТАТИСТИНКА ЖРК ВАРДАР!!!

СТАТИСТИНКА ЖРК ВАРДАР!!!