Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Сребро“ за ФК Вардар генер.2009 од меѓународниот турнир “Пирин Куп“ кој се играше во Бугарија
“Сребро“ за ФК Вардар генер.2009 од меѓународниот турнир “Пирин Куп“ кој се играше во Бугарија

“Сребро“ за ФК Вардар генер.2009 од меѓународниот турнир “Пирин Куп“ кој се играше во Бугарија

Денес во Банско, соседна Бугарија се играше финалето на меѓународниот турнир “Пирин Куп-2018“во генерацијата родени 2009 година. Во истото се сретнаа ФК Вардар предводен од Зоран Петковски и тимот на ФК Работнички од Скопје. Црвено-црните одиграа еден силен натпревар со многу борба, за жал денес го доживеаа првиот пораз на овој турнир што донесе “сребро“ во оваа генерација.

28

Црвено-црните во групната фаза минаа со седум бода, две победи и едно реми, потоа избраниците на Петковски Зоран издоминираа и во нокаут фазата. Победите во 1/4 и 1/2-финалето го донесоа денешниот финален натпревар. Во истиот за жал и покрај неколкуте прилики ние не погодивме, тоа го казни противникот кој победи со минимална предност. Романтичарити дојдоа до пехарот со победа со резултат од 1-0 во ова финале.

Честитки за квалитетно одиграниот турнир до тренерот Петковски и момците кои се враќаат со “сребро“ од овој квалитетен меѓународен турнир за момци родени 2009 година.