Денес на теренот во скопската населба Ѓорче Петров пионерските екипи на ФК Вардар во рамки на 1.коло од лигата беа гости кај тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров. Помладите пионери дојдоа до победа во соочувањето со врсниците, апак пионерската екипа одигра реми во ова деби коло.
Помладите пионери на ФК Вардар предводени од Деспотовски Филип триумфираа на првиот гостински дуел со резултат 0-3 (0-2). Деспотовски натпреварот го започна со овие единаесетмина: Стојковски, Јовановски, Давков, Стојчевски, Ѓорговски, Сељанац, Алими, В.Стојановски, Мирков, Г.Стојановски и Андревски.
Ние во овој натпревар веќе по првиот период имавме предност која најавуваше победа, на одмор заминавме со два гола предност 0-2. Во вториот дел додатно ја зголемивме предноста и со конечни 0-3 го окончавме овој прв натпревар до лигата за помлади пионери. За нас во првиот дел стрелаа: Алими Харим во 15.минута и Јовановски Дарио во 30.минута. Во вториот дел во 46.минута стрелец на последниот гол беше: Георг Стојановски.
ФК Вардар во соочувањето со пионерскиот состав на Македонија Ѓорче Петров одигра 1-1 (1-0). Тренерот Игор Кралевски на овој натпревар го старуваше со следниот состав: Величковски, Петејчук, Салиу, Гугуљанов, Костовски, Крстевски, Омерагиќ, Демири, Радуловиќ-Величковиќ, Речица и Хасани.
Натпреварот почна со прилики на двете страни, сепак за погодок се чекаше се до 27.минута. Домаќините успеаа да поведат со 1-0 на овој дуел. Токму со таа минимална предност се замина на одмор на овој пионерски дуел. Во вториот дел момците на Кралевски атакуваа на противничкиот гол со цел да се вратат резултатски. Многу рано веќе во 46.минута црвено-црните успеаа да ја вратат резултатската симетрија. Ние изедначивме на 1-1 преку Мартин Радуловиќ-Величковиќ кој погоди за реми. До крајот на дуелот и покрај приликите резултатот остана нерешен 1-1.