Во рамки на 2.коло од СЕХА Газпром лигата, утре, вторник, 4 септември во Скопје гостува српскиот вицепрвак Железничар Ниш. Тоа ќе биде повторна средба на Вардар со својот поранешен тренер Веселин Вујовиќ. По тој повод денес се одржа прес-конференција на која тренерот и заменик капитенот на РК Вардар ги искажаа очекувањата од утрешниот натпревар.
Очекувам да одиграме подобро отколку на средбата од 1. коло. Се обидуваме да ја креваме формата. Ни се наближува почетокот на Лигата на шампионите и овие средби треба да ги искористиме за да можеме на тие средби да покажеме далеку подобра игра. И понатаму сме во потрага по голман и очекувам тоа прашање да се реши брзо. Што се однесува до настапот на Игор Карачиќ и Вуко Борозан ситуацијата е поинаква. Тие се чувствуваат подобро и доколку денеска добијат дозвола тогаш може утре и да добијат шанса за да играат против Железничар-изјави Роберто Гарсија Парондо.
Секогаш кога во Скопје доаѓа екипа која е предводена од Веселин Вујовиќ знаеме дека не очекува интересна средба. На тие дуели ние влегуваме максимално мотивирано и сакаме да одработиме најдобро што може. Веќе одигравме една средба против Металург и сметам дека треба да одиме чекор по чекор. Oчекуваме добар натпревар и сакаме да го покажеме најдоброто од нас на овој натпревар. Нема да се залетуваме, но ќе се обидеме да покажеме добра игра и да демонстрираме напредок во нашата форма. Секако сакаме да одиграме и натпревар во кој ќе имаме стандардна игра во текот на сите 60 минути- изјави Тимур Дибиров.