Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Вардар во среда го пречекуваат тимот на РК Алушовски во дуел од 1.коло
Кадетите на Вардар во среда го пречекуваат тимот на РК Алушовски во дуел од 1.коло

Кадетите на Вардар во среда го пречекуваат тимот на РК Алушовски во дуел од 1.коло

Кадетите на ракометниот клуб Вардар, задутре, среда 5.септември ќе го одиграат деби колото во новата сезона 2018/2019 во машката кадетска лига. Ние сме дел од групата-1 во кадетската конкуренција. Првото коло го играме како домаќини и ја пречекуваме екипата на РК Алушовски.

Момците на Адријана Будимир своите врсници в среда ќе ги пречекаат од 16 часот и 30.минути во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје. Делители на правдата на овој натпревар ќе бидат Ѓорѓиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.