Викендов четирите младински екипи на ФК Вардар ги одиграа првите мечеви сезонава. Во првото коло кадетите и младинците беа домаќини, а пионерските екипи гости на тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров. Одигравме одлични четири меча на кои имаме одличен успех, добивме три и одигравме едно реми. “Собравме“ 10.бода од 12 можни на овие дуели.
Младинскиот тим на Вардар низ целосна доминација и на неприкоснеовен начин триумфираше со убедливи 5:1. Избраниците на Андовски Ане дојдоа до победа со три гола на Џемал Ибиши, додека по еднаш погодија Давид Велковски и Мустафа Јусуф. Кадетите на Вардар со 3:1 ја отворија со триумф сезоната. На одмор заминавме со предност од 2:0, стрелци на головите беа Ристовски и на Османи.Во вториот дел Македонија ЃП намали на 2-1, но Игнатов погоди за конечни 3-1 и победа на тимот предводен од тренерот Златко Таневски. Пионерската екипа на гостувањето во Ѓорче Петров одигра 1:1, единствено оваа екипа не дојде до “цел плен“. Македонија ЃП дојде до предност во 27. минута, а потоа за тимот предводен од Игор Кралески погoди Радуловиќ-Величковиќ кој изедначи на 1-1. Најмладите вардарци, помладите пионери предводени од Филип Деспотоски со триумф ја стартуваа сезоната, тие победија со убедливи 3:0. За победа над врсници од тимот на Македонија Ѓорче Петров, стрелаа: Алими, Јовановски и Георг Стојановски.