Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Посебни емоции имам во дуелите со Вардар
Вујовиќ: Посебни емоции имам во дуелите со Вардар

Вујовиќ: Посебни емоции имам во дуелите со Вардар

Денес црвено-црните  ќе го играат вториот дуел  од регионалната СЕХА лига против српскиот вицепрвак Железничар. Овојпат над тимот од Ниш е предводен од поранешниот тренер на вардарци, Веселин Вујовиќ. Тој очекува добар натпревар против тимот во кој остави неизбришлив траг. Натпреварот против Железничар се игра денес во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.

Вардар е екипа која е меѓу фаворитите во Лигата на шампионите, а не пак на дуелот против нас. Ние ќе се обидеме да одиграме добар натпревар и да ја вратиме самодовербата пред дуелите кои ни следуваат во текот на сезоната. Се виде на дуелот од Купот на ЕХФ дека ќе ни биде потребно подолго време за да успееме да ги склопиме сите работи како што треба. Секоја посета на Скопје кај мене буди посебни емоции, настап пред фантастични навивачи како „Комити“ кои ме обожуваат, во преубава сала, против одличен противник, во градот каде поминав шест години, каде ќе видам многу пријатели…Но, во моментов морам да бидам конценцентриран на Железничар и на тоа како и што понатаму- вели Вујовиќ.