Дури пет играчи и еден голман на фудбалскиот клуб Вардар се повикани за селекцијата до 19 години. Станува збор за следните играчи кои се повикани за македонската селекција: голманот Методија Велковски, потоа Стефан Наумчевски, Бериша Јакуп, Али Адем, Филип Антовски и Алекс Талевски.
Тие се најдоа на списокот за турнир кој ќе се игра во Литванија. На истиот покрај црвено-жолтата селекција ќе учестуваат домаќинот Литванија, селекцијата на Фарски Острови и Украина.