Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нов малер, се повреди и Горбок
Нов малер, се повреди и Горбок

Нов малер, се повреди и Горбок

На малерите на Вардар им нема крај. По повредата на Стоилов, сега се повреди и Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок, кој го чека долга пауза.

Русинот се повреди во саботата на тренинг, а неколку денови се чекаше прво да се намали отокот за да може да се извршат потребните лекарски контроли. Мегнетната резонанца покажа повреда на лигаментите.

Покрај Горбок, сигурно голем дел од натпреварите во Л.Ш ќе пропушти и капитенот Стоилов, а повреден е и младиот голман Даниел Ѓорѓески.