Вчера, РК Вардар дојде до победа на вториот натпревар од СЕХА регионалната лигата. Ние триумфиравме над РК Железничар од Ниш со резултат 35-20 (14-11). По дуелот на прес конференцијата се обратија двајца преставници од црвено-црниот табор.
Играме многу подобро отколку на последниот натпревар, ова им го кажав и на моите играчи. Се обидовме да играме подобро, со поголем интензитет и мислам дека успеавме. Против овој тим не лесно да се игра. Можеби тие се млади, но тие се добри играчи. Значи, за мене оваа победа значи повеќе бидејќи Железничар Ниш е добар тим -рече Роберто Парондо, тренерот на Вардар.
Драго ми е што влеговме во ритамот, бидејќи поради повредите од почетокот на подготовките не можевме да го комплетираме нашиот тим. Конечно почнуваме да изгледаме добро и мислам дека ќе бидеме до првиот меч во Лигата на шампионите во Монпелје. Тимот на Железничар е млад и ветувачки и им честитам на борбениот дух и им посакувам среќа во следните натпревари – изјави Јања Војводиќ, играч на Вардар.