Комисијата за итност при Македонската кошаркарска федерација на вчерашниот состанок одржан во просториите на МКФ донесе одлука за бројот на екипи-учесници во Првата, односно услови за влез во Првата лига во машка сениорска конкуренција за идната сезона (2019/2020).
По непријавувањето на екипата на КК Водњански Лисици и некомплетната документација на КК Шкупи (уплата за котизација), Комисијата донесе одлука за натпреварувачката сезона 2018/2019, Првата лига мажи да брои десет екипи.
Двете последнопласирани екипи од Плејаут лигата ќе се надигруваат по бараж-систем со двете најдобри екипи од Втората лига мажи за опстанок, односно влез во Првата лига мажи за сезоната што следува, односно 2019/2020. На натпреварите од баражот не е дозволен настап на странски играчи. Вардар кој се врати во првата лига и ќе има 9.противника. Нашиот тим е засилен со Робев и тројца американци за новата сезона.