Во претстојниов викенд активни ќе бидат само пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар, кои во рамките на второто првенствено коло ја пречекуваат екипата на Шкендија. Колото е одложено за кадетите и младинците, поради учеството на селекцијата до 19 години на турнир во Литванија.
Пионерските екипи на Вардар ќе бидат домаќини на екипата на Шкендија, во сабота, во термините од 10 и 12 часот. Двата дуели ќе бидат одиграни на теренот на Академијата. Помладите пионери имаа сигурен старт на сезонаа, совладувајќи ја во првото коло на гостински терен, екипата на Македонија Ѓ.П, додека пионерите се во потрага по првата победа, откако ремизираа на првиот дуел во Ѓорче.
Очекуваме добра игра од двете вардарови генерации и победи, со оглед дека екипата од Тетово е претеден на вардарци, за освојување на титулата.