Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардар ќе игра во лига со 10 тима, Шкупи и Водњански Лисици исфрлени
Кошарка: Вардар ќе игра во лига со 10 тима, Шкупи и Водњански Лисици исфрлени

Кошарка: Вардар ќе игра во лига со 10 тима, Шкупи и Водњански Лисици исфрлени

Комисијата за итност при Македонската кошаркарска федерација на вчерашниот  состанок одржан во просториите на МКФ донесе одлука за бројот на екипи-учесници во Првата, односно услови за влез во Првата лига во машка сениорска конкуренција за идната сезона (2019/2020).

По непријавувањето на екипата на КК Водњански Лисици и некомплетната документација на КК Шкупи (уплата за котизација), Комисијата донесе одлука за натпреварувачката сезона 2018/2019, Првата лига мажи да брои десет екипи.

Двете последнопласирани екипи од Плејаут лигата ќе се надигруваат по бараж-систем со двете најдобри екипи од Втората лига мажи за опстанок, односно влез во Првата лига мажи за сезоната што следува, односно 2019/2020. На натпреварите од баражот не е дозволен настап на странски играчи. Вардар кој се врати во првата лига и  ќе има 9.противника. Нашиот тим е засилен со Робев и тројца американци за новата сезона.