Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ: Потребно ни е време и повеќе натревари за да го фатиме посакуваниот ритам пред почетокот на сезоната во ЛШ
Карачиќ: Потребно ни е време и повеќе натревари за да го фатиме посакуваниот ритам пред почетокот на сезоната во ЛШ

Карачиќ: Потребно ни е време и повеќе натревари за да го фатиме посакуваниот ритам пред почетокот на сезоната во ЛШ

На победнички начин започна новата сезона во СЕХА-лигата, за екипата на Вардар. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо имаат две победи од исто толку одиграни натпревари на стартот од регионалното натпреварување. Вториот триумф беше поубедлив, изразен со дури 15 голови разлика, а пред налетите на нашиот шампион, “настрада„ дебитантот во лигата, тимот на Железничар. Она што радува е враќањето на теренот на Игор Карачиќ, за кој ова беше прв меч во новата сезона, откако го пропушти целиот подготвителен период поради повреда. Во триумфот против српскиот претставник, Карачиќ постигна три голови. После победата, хрватскиот репрезентативеец ги истакна впечатоците од триумфот и за очекувањата од новата сезона.

-Најважно е тоа што победивме, како и што очекувавме во пресрет на овој меч. Тренираме напорно, иако не има помалку, со оглед дека имаме повредени играчи. Полека се прилагодуваме на работата на новиот тренер, познат ни е тој шпански систем како функционира и сигурно дека е потребно новите играчи да се воиграат и да знаат што бара од нив Парондо. Од натпревар на натпревар играме се подобро, против Железничар започнавме лошо, но резултатот и играта во второто полувреме треба да не радува. Имаме некои повредени играчи, кои го пропуштија подготвителниот период, тоа се однесува и за мене, потоа Борозан и да не набројувам понатаму. Потребно ни е време и повеќе натревари за да го фатиме посакуваниот ритам и да ја дочекаме новата сезона во Лигата на Шампионите. Сакаме да играме на високо ниво во сите натпреварувања и да докажеме дека нема лесно да го дадеме врвот, истакна Карачиќ.