Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе земат учество на масовниот турнир „КУЛ Куп 2018“, кој го организира школата ФК Кул. Истиот ќе се одржи во перидот од 7-9-ти септември, на кој ќе се натпреваруваат генерациите на Вардар, родени “2007„ “2008„ и “2009„ година.
Познати се противниците на нашите млади надежи во групната фаза, како и термините на одигрување на нивните натпревари, кои ќе се одвиваат на терените на стадионот на ФК Цементарница.
Кај генерацијата родени “2007„ година учество ќе земат вкупно 16 екипи, кои ќе бидат поделени во четири групи. Вардарци кои се предводени од тренерот Горан Петрески се дел од групата Б, во која се уште и екипите на Албарса, Тиквеш од Кавадарци и Кул од Лисиче. Турнирот го отвараме во петок, со дуел против Албарса, меч кој ќе започне од 10:40 часот, додека во попладневниот термин од 16:00 за противник го имаме тимот на Тиквеш.
Кај генерацијата родени “2008„ година исто така 16 екипи ќе се борат за првото место. Оваа генерација под водство на Миле Крстев ќе се обиде да го повтори успехот од Бугарија, каде го освои турнирот “Пирин Куп„. Црвено-црните се сместени во групата Ц, заедно со екипите на Локомотив Пловдив од Бугарија, потоа Лидер Лесковац од Србија и Тефејуз од Македонија. Турнирот го отвараме со дуел против екипата на Локомотив Пловдив (11:20 часот).
Кај најмладата генерација родени “2009„ година пријавени се вкупно 17 екипи, поделени во четири групи. Младите надежи на Зоран Петковски после одличното издание на турнирот “Пирин Куп„, ќе атакуваат на највисок пласман и на овој силен меѓународен турнир. Вардар ќе биде дел од групата Б, во која ќе бидат и екипите на Скупи, Фамос, Омладинац од Србија и Шкендија од Тетово. Во петок ќе одиграме два натпревари, најпрво со почеток од 10:40 часот во првото коло се среќаваме со екипата на Омладинац, за истиот ден од 16:00 силите да ги одмериме со екипата на Фамос.