Она што утрово го најавивме, попладнево и се официјализира, словенецот Оцвирк е претставен од клубот како ново засилување, со кој е потпишан договор на три години.
Оцвирк е веќе во Скопје и од утре ќе тренира со екипата. Игра на бековска позицијата каде во моментов во Скопје настапува и неговиот сонародник Сташ Скубе. Со ангажирањето на Оцвирк, Вардар доби млад играч кој во иднина се очекува да продожи да се развива и да биде врвен играч.
Тој игра на позицијата лев бек е дел од генерацијата што го освои златниот медал на последното ЕП во Словенија. Оцвирк постигна вкупно 57 гола и беше најдобра стрелец. На финалето на последното младинско ЕП, Оцвирк даде 11 гола на средбата со Франција. Беше и дел од Ол стар тимот на ЕП.
„Вардар продолжува да биде место каде ќе играат ракометари што во себе поседуваат големи квалитети. Оцвирк е играч за кој во иднина очекуваме многу да се слуша, и тоа пред сѐ позитивни работи. Веруваме дека неговата младост, талент и веќе докажан квалитет во комбинација со она што го има Вардар ќе биде добитна комбинација. Покажуваме дека работиме на создавање на тим што ќе ја продолжи победничката приказна на клубот. Веруваме дека заедно со Оцвирк ќе се радуваме на уште доста успеси, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Оцвирк ќе го почека своето деби во црвено-црниот дрес, се додека не се комплетира документацијата за овој играч.